Достапни линкови

logo-print

Доњецк - сепаратистите велат дека биле убиени 3 цивили


Проруските сепаратисти во Доњецк тврдат дека при гранатирањето загинале тројца цивили. Според изјавите на бунтовниците кои го контролираат градското собрание во Доњецк, како резултат на воените дејствија на 10 октомври загинале тројца цивили, четворица други биле повредени и хоспитализирани. И во текот на ноќта продолжиле борбите во регионот. Според извештаите, неколку станбени објекти биле опожарени од д бомбардирањето.

Борбите во Доњецк се фокусирани главно околу аеродромот кој е контролиран од владините сили. Обединетите нации, соопштија дека повеќе од 300 луѓе се убиени од прекинот на огнот, потпишан на 5 септември.


XS
SM
MD
LG