Достапни линкови

logo-print

Почна изборниот молк во БиХ


Од утрово во 7 часот почна изборниот молк пред утрешните општи избори во Босна и Херцеговина. Со стратот на молкот, заврши предизборната кампања, што започна на 12 септември.

На утрешното гласање граѓаните ќе избираат тројца членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, во Пратеничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ и во Народното собрание на Република Српска, претседател и потпретседатели на српскиот ентитет, како и членови на десетте кантонални собранија во Федрацијата БиХ.

За изборите се регистрирани 3.278.908 гласачи, кои ќе треба да избираат меѓу кандидатите од 113 политички субјекти.

Вкупно 5.404 гласачко место во цела БиХ утре ќе бидат отворени од 7:00 до 19:00 часот.

XS
SM
MD
LG