Достапни линкови

Македонија го одбележува 11-ти Октомври


Методија Андонов Ченто со група македонски партизани.

Методија Андонов Ченто со група македонски партизани.

Македонија денеска го одбележува Денот на антифашистичкото востание на кое македонскиот народ се кренал пред 73 години. Востанието започнало со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Следниот ден, на 12 октомври, се огласиле и партизаните од Кумановскиот одред. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонија застанала на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Денеска со низа активности ќе биде одбележа празникот, ќе се положува цвеќе на спомениците на паднатите борци, а ќе биде доделена и државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG