Достапни линкови

Има ебола или не? - резултати денеска


Денеска попладне треба да пристигнат резултатите за тоа дали има ебола во Македонија. Примерокот од починатиот британски државјанин за кои имаше сомневање дека има ебола се испратени на анализирање во лабораторијата во Хамбург. Се додека не дојдат резултатите, во карантит остануваат 25 луѓе во хотелот во кој престојувал и починатиот Британец. Тој почина во четвртокот на инфективната клиника во Скопје, со симптоми сомнителна на ебола, по што хотелот во кој престојувал и медицинскиот персонал кој бил во контакт со него, се ставени во карантин. Македонските здравствени власти соопштија дека иако сомневањата за вирусот се мали, морало да преземат низа заштитни мерки.

XS
SM
MD
LG