Достапни линкови

logo-print

Британската амбасада ја потврди смртта на нивниот државјанин


Хотелот во кој бил сместен британскиот државјанин.

Хотелот во кој бил сместен британскиот државјанин.

Од Британската амбасада во Скопје преку соопштение информираат дека може да ја потврдат смртта на британскиот државјанин во Република Македонија на 9 октомври. Во соопштението се вели дека им изразиле сочувство на семејството и им обезбедуваат конзуларна поддршка. Понатаму се вели дека имаат тесна соработка со македонската влада по ова прашање, со луѓето кои водат истрага за случувањата. А исто така, се во комуникација и со други британски државјани кои се засегнати од овој тажен настан, стои во соопштението од Британската амбасада.

XS
SM
MD
LG