Достапни линкови

logo-print

Навивачи во затвор за навреда на Путин


Полицијата во Белорусија ослободи голем дел од претходно уапсените 100 украински фудбалски навивачи кои за време на натпреварот меѓу Белорусија и Украина, извикувале вулгарни зборови против рускиот претседател Владимир Путин. Исто така се беа приведени и 30 белоруски фанови. Полицијата соопшти дека но 12 Украинци се прогласени за виновни за хулиганство и ќе одлежат затвор од 5 до 10 дена, а затворени се и 12 белоруски навивиачи.

Украинските фанови развиориле огромен транспарент во сино-жолти бои на Украина на кои било испишано „Нема да дозволиме некој да владее со нашата татковина“.
Инцидентот се случи пред пристигнување на Путин во Минск на Самитот на Заедницата на независноста Држави.

XS
SM
MD
LG