Достапни линкови

logo-print

Мали шанси за ебола, но се чека потврда


Хотелот каде што престојувал починатиот Британец

Хотелот каде што престојувал починатиот Британец

Министерството за здравство смирува дека сè помали се шансите, оти вирусот на ебола е причина за смртта на британски државјанин кој вчера почина на Инфективната клиника во Скопје.

Во пресрет на утрешниот ден кога треба да се добијат резултатите од лабараторијата во Хамбург, од Министерството за здравство со смирувачки тонови дека сè помали се шансите, оти вирусот на ебола е причина за смртта на 57 годишниот британски државјанин кој вчера почина на Инфективната клиника во Скопје, но дополнуваат дека и натаму е потребна претпазливост.

Врз основа на епидемиолошките анализи кои се правеа во текот на вчерашниот ден, здравствените власти се поблиску до становиштето дека не е голема веројатноста дека станува збор за вирусот на ебола.

„Врз основа на епидемиолошките анализи кои се правеа во текот на вчерашниот ден, здравствените власти се поблиску до становиштето дека не е голема веројатноста дека станува збор за вирусот на ебола, но најголемата грешка што може да се направи во ваква ситуација е без да се има потврда од лабораторија да се верува дека нема вирус на ебола и да не се преземаат никакви мерки на заштита. Се до добивање на финална потврда од стран на референтната лабораторија во Хамбург сме обврзани да постапуваме максимално претпазливо“, изјави доктор Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство.

Хотелот кадешто престојувал починатиот Британец.

Хотелот кадешто престојувал починатиот Британец.

Од МНР не информираа дека нивното конзуларно одделение до британската амбасада во Скопје испратило нота со информација дека починатот е Колин Џефри, роден во 1956 година.

Не требаше толку да оди ова на телевизија, за да не се плаши народот, требаше да го испитаат, па тогаш да кажат. Уплашени сме, тоа е нормално, затоа што целиот свет зборува за еболата.

Од Комисијата за заразни болести нагласија дека е многу важно оти досега не е пријавен дополнителен нов случај сличен на овој, а исто така пријателот на пациентот кој цело време бил со него е без никакви симптоми.

Во меѓувреме во хотелот каде што престојувал пациентот под карантин се 25 луѓе, а на инфективната клиника изолирани се 10 луѓе, претежно медицински лица кои биле во контакт со заболениот.

Во хотелот каде престојувал пациентот постојано има медицинска екипа и постојано се следи здравствената состојба на луѓето кои таму се во карантин. Во околината на хотелот во Мавровка, во кој престојувал човекот за кој се сомнева дека е можно да починал од смртоносниот вирус денеска имаше полиција. Граѓаните кои се движат во таа околина, велат дека вчера се испразниле кафулињата во околината, но дека очекуваат набрзо да се врати состојбата во нормала.

Иако случајот се уште не е потврден, самата најава дека е можно Британецот да починал од ебола кај некои граѓани предизвика паника и страв. Други пак мислат дека реакцијата е претерана.

„Не требаше толку да оди ова на телевизија, за да не се плаши народот, требаше да го испитаат, па тогаш да кажат. Уплашени сме, тоа е нормално, затоа што целиот свет зборува за еболата. Јас дури утрово мислев да си земам и маска за лице од страв.“

„Преувеличено е, многу е преувеличено.“

„Мислам дека се створи паника меѓу луѓето, кога гледавме вчера вести и мислам дека треба нешто да се преземе.“

Од Комисијата за заразани болести немаат информации за контакти на пациентот кој почина со лица надвор од хотелот, но ако се добие податок дека се работи за ебола ќе се испита секое движење надвор.

Во меѓувреме и од Британскиот институт за јавно здравје излегоа со информација дека е мала веројатноста нивниот државјанин да починал од ебола. Од Комисијата не ги коментираа шпекулациите кои се појавија во јавноста дека починатиот Британец бил советник за странски инвестиции во владата.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG