Достапни линкови

Милитантите на ИД напредуваат во Кобани?


Милитантите на Исламската држава напреднале во сирискиот град Кобани, соопштуваат сириски активисти. Од сириската опсерваторија за човекови права денеска соопштија дека борците на ИД држат најмалку 40 проценти од градот кој се наоѓа на сириско-турската граница. Од Организацијата велат дека милитантите ја имаат под контрола областа каде се наоѓа локалната курдска администрација.

Сириските Курди пак велат дека се борат со милитантите во близина на зградата која ја користат безбедносните сили, но негираат дека милитантите направиле поголем прогрес во градот.

Во Женева, претставникот на ОН, Стафан де Мистура ја повика Турција да им овозможи на волонтерите да ја премине границата со Сирија за да се спречи можен масакр од страна на борците на ИД во Кобани. Де Мистура вели дека околу 700 главно постари цивили се уште се во центарот на градот, а други 10 до 13 илјади се наоѓат во близина.

XS
SM
MD
LG