Достапни линкови

Русија - да се истражат „воените злосторства“ во Украина


Руската државна Дума ја повикува меѓународната заедница да ги испита, како што велат, „воените злосторства“ извршени за време на конфликтот во источна Украина.

Долниот дом на Парламентот денеска речиси едногласно ја усвои резолуција со која бара од организациите како ОН, ОБСЕ и Советот на Европа да ги истражат наводите за „ масовни гробници“ откриени во близина на Доњецк.

Минатиот месец, про-руски бунтовници во Доњецк соопштија дека пронашле две гробници во кои се претпоставува дека има околу 400 тела, за кои велат дека биле жртви на воените операции од страна на владините сили. Украинските официјални лица ги негираа тие тврдења.

Обединетите нации соопштија дека најмалку 3.660 луѓе биле убиени во конфликтот од почетокот на април.

XS
SM
MD
LG