Достапни линкови

Борисов - доколку не се формира влада ќе има нови избори


Полошо од тоа да нема нова бугарска Влада, е да биде формирана влада по секоја цена, што ќе се распадне по еден месец, изјави денеска поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој е лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), што победи на вонредните парламентарни избори во Бугарија одржани во неделата.

Тој нагласи дека би формирал коалициска влада само доколку во неа постои поделена одговорност со министрите, бидејќи во спротивно би било бессмислено да се коалицира со други партии.

Тој вели дека на Бугарија и претстојат тешки одлуки и времиња, нагласувајќи дека доколку не биде постигнат договор за формирање на стабилна коалициска влада, Бугарија ќе мора да оди на нови избори.

XS
SM
MD
LG