Достапни линкови

Горбачов е пуштен од Московската болница


Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов е пуштен од Московската болница. Новинаската агенција Интерфакс го цитира Горбачов кој изјавил дека денеска е многу подобар за разлика до вчера, и дека докторите се согласиле тој да биде пуштен од болница. Претходно руските медиуми пренесоа дека Горбачов кој има 83 години е хоспитализиран, но притоа не се наведувува детали за причините за неговата влошена здравствена состојба. Горбачов стана лидер на Советскиот сојуз во 1985 година и беше главен заговорник на политичките и економските реформи, познати како „гласност“ или „перестројка“.

XS
SM
MD
LG