Достапни линкови

logo-print

Москва - осуден активист кој протестирал против Путин


Судот во Москва осуди на три години и два месеци еден активист за неговото учество во протести против претседателот Владимир Путин во 2012. Дмитриј Ишевски е осуден за немирите и за напад на полицаец за време на протестите во пресрет на инаугурацијата на Путин за трет мандат. Тогаш повеќе од 400 луѓе беа уапсени по насилството на протестот на московскиот плоштад Болотнаја. Неколкумина од нив беа осудени на затвор, вклучително и истакнатиот опозициски активист Сергеј Удалтсов. Опонентите на Кремљ велат дека демонстрантите биле испровоцирани и дека тврдењата на насилство се претерани. Ишевски се изјасни за виновен.

XS
SM
MD
LG