Достапни линкови

logo-print

Малала Јусуфзаи и Калијаш Сатијарти добитници на Нобеловата награда за мир


Малала Јусуфзаи

Малала Јусуфзаи

Активистите за човекови права Малала Јусуфзаи од Пакистан и Калијаш Сатијарти од Индија се добитници на Нобеловата награда за мир за 2014. Малала ја доби наградата за нејзината борба против Талибанците кои не дозволуваат девојчињата да одат на училиште. Таа беше и застрелана во главата во 2012. Сатијарти е индиски активист за права на децата.
Меѓу фаворитите за освојување на наградата беа и Едвард Сноуден и папата Френсис. Сноуден беше номиниран за тоа што минатата година разоткри документи на американската тајна служба за следење на луѓе. Папата Франсис заради неговата улога во помагање на сиромашните и бездомниците и барањето да се направи редистрибуција на богаството. Некои прогнозираа дека можен добитник е рускиот весник „Новаја газета“, за неговата критика на Кремљ и нивните истраги на коруптнивни зделки. Норвешкиот Нобелов комитет, соопшти дека добиле рекордни 278 номинации за наградата за оваа година. Наградата изнесува 1,1 милион долари.

XS
SM
MD
LG