Достапни линкови

Студенти го блокираа Филозофскиот факултет во Белград


Група студенти синоќа го блокираа Филозофскиот факултет во Белград, најавувајќи дека немаат намера да ја напуштат зградата се додека факултетската Управа не ги исполни нивните барања. Блокадата на Филозофскиот факултет, која започна синоќа околу 18.00 часот, продолжува и денеска. Меѓу нивните барања се и намалување на цената за пријавување испити, едногодишното буџетско финасирање на апсолвентите, како и на студентите, кои се запишале на Факултетот во 2006 година, да им се дозволи студиите да ги завршат по програмата која важела при нивниот упис.

Организаторите на протестот изјавија дека се решиле на таква мерка затоа што Управата на Факултетот донела одлуки кои биле објавени само седум дена пред почетокот на академската година.

XS
SM
MD
LG