Достапни линкови

Украински навивачи уапсени оти го навредувале Путин


Полицијата во Белорусија уапси околу 100 украински фудбалски навивачи кои за време на натпреварот меѓу Белорусија и Украина, извикувале вулгарни зборови против рускиот претседател Владимир Путин. Исто така се приведени и 30 белоруски фанови. Според извештаите во медиумите, уапсените се соочуваат со обвиненија за користење на вулгарни зборови во јавноста, што е казниво со неколку дена во затвор. Украинските фанови развиориле огромен транспарент во сино-жолти бои на Украина на кои било испишано „Нема да дозволиме некој да владее со нашата татковина“.
Украина победи на натпреварот со резултат 2-0.

XS
SM
MD
LG