Достапни линкови

logo-print

Судир на полицијата и демонстрантите во Сент Луис


Полицијата се судри со демонстрантите на протестите кои втор ден по ред се одржуваат во американскиот град Сент Луис по убиството на 18-годишно црномуресто момче од страна на полицаец кој не бил на должност. Овој случај ги обнови тензиите меѓу демонстрантите и полицијата, два месеци по убиството на невооружен црнец, настан што доведе до неколкунеделни насилни немири во Фергусон, Мисури. Синоќа луѓето првин палеле свеќи за убиеното момче, а потоа протестирале. Во текот на ноќта дошло до судир на полицијата и демонстрантите. Момчето беше убиено на 8 октомври. Полицијата соопшти дека службеникот кој го застрелал момчето, работел како обезбедување, и дека тој само возвратил на огнот, откако момчето прво започнало да пука.

XS
SM
MD
LG