Достапни линкови

Еболата, најголема опасност од појавата на сидата


Овој вирус, како што додаваат, може за неколку часа да се пренесе од еден до друг крај на светот. Затоа, според нив, обидите да се запрат носителите на заболувањето не успева секогаш.

„Епидемијата на ебола во западна Африка претставува најголема опасност за човештвото од појавата на вирусот ХИВ.“

Ова го изјави директорот на американскиот центар за контрола и превенција на болести Томас Фриден.

Тој на состанокот на Светската банка за ова заболување оцени дека е неопходен брз глобален одговор за да се спречи еболата да стане, како што изјави, „нова сида“.

„Таа се менува брзо и борбата ќе биде долга“, рече Фриден.

Според координаторот на Обединетите нации за справување со еболата доктор Давид Набаро, болеста може да биде победена доколку земјите итно изградат и опремат центри за прифаќање и третман на заболените во западноафриканските земји кои се најпогодени, како Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

„Ова криза поврзана со еболата во Западна Африка е светска криза. Тоа е така бидејќи колку повеќе вирусот циркулира меѓу луѓето, толку повеќе тој ќе се шири насекаде во светот. Затоа е многу важно целиот свет да им помогне на погодените земји.“

Изјави Набаро, наведувајќи дека загриженоста е голема поради тоа што еболата може да се шири со математичка прогресија.

Ова криза поврзана со еболата во Западна Африка е светска криза. Тоа е така бидејќи колку повеќе вирусот циркулира меѓу луѓето, толку повеќе тој ќе се шири насекаде во светот. Затоа е многу важно целиот свет да им помогне на погодените земји.

„Таа го дуплира интензитетот на секои три или четири недели. Затоа треба да реагираме итно. Секако дека ќе победиме, но прашањето е дали ние можеме да го намалиме бројот на оние што ќе умрат од ова заболување“, рече тој.

Досега од ова заразна болест починале околу 4 илјади луѓе, вклучувајќи и над 200 лекари и здравствени работници.

Откако еден заболен од ебола во Соединетите држави деновиве почина, Вашингтон нареди дополнителни контроли на патниците кои на петте меѓународни аеродроми пристигнуваат од Западна Африка.

Слични мерки против опасноста од ширење на заболувањето има и во неколку други земји. Но колку тоа и може да го спречи ширењето на заразната болест.

Експертите велат дека еболата уште еднаш покажа оти светот е поповрзан од кога било порано во историјата на човештвото. Овој вирус, како што додаваат, може за неколку часа да се пренесе од еден до друг крај на светот.

Затоа, според нив, обидите да се запрат носителите на заболувањето не успева секогаш. Тоа главно поради долгиот период на инкубација на вирусот.

Бактериите и вирусите, како што пишува Вашингтон пост, не се запираат на пасошка контрола.

Од друга страна, бидејќи нема ефикасна вакцина, единствен сигурен начин е идентификување на оние што се заразени со ебола и нивно изолирање. Епицентарот на таа работа, според експертите, се наоѓа во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.

XS
SM
MD
LG