Достапни линкови

Полицајци убиени во источна Турција


Демонстрации во источна Турција.

Демонстрации во источна Турција.

Двајца полицајци се убиени, а друг повреден во источна Турција. Медиумите јавуваат дека полицaјците биле нападнати додека патролирале во провинцијата Бингол на 9 октомври. Тие биле во инспекција на продавниците кои беа оштетени за време на протестите што го зафатиja претежно курдскиот југоисточен дел на Турција, претходно оваа недела. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста.

Илјадници Курди излегоа на улиците да протестираат против, како што велат, неподготвеноста на Анкара да помогне во Кобани кој се наоѓа на сириско-турската граница и во некои делови е под опсада на милитантите од Исламската држава. Најмалку 25 лица загинаа во судирите меѓу демонстрантите и турските војници.

XS
SM
MD
LG