Достапни линкови

Ким Јонг Ун го нема во јавност, причините нејасни


Отсуството на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун од големата годишна прослава ја продлабочи несигурностa во земјата и прашањата околу неговата здравствена состојба. Тој не е виден во јавност повеќе од еден месец. Денеска земјата прославува 69-години од основањето на владејачката Работничка партија, но тој не присуствуваше на церемониите. Лидерот го нема на државните медиуми уште од 3 септември, кога присуствуваше на еден концерт. Државните медиумите пред крајот на минатиот месец јавија дека Ким Јонг Ун страда од „непријатности“.


Новинската агенција Ројтерс, пак, цитираше извори блиски до раководството на Северна Кореја, кои велат дека лидерот ја има контролата на владата, но дека си ја повредил ногата додека учествувал на воена вежба.

XS
SM
MD
LG