Достапни линкови

Тестови дали британецот во Скопје починал од ебола


Тестовите што ќе бидат извршени во Германија ќе покажат дали британецот кој вчера бил примен во Клинката за инфективни болести во Скопје со симптоми на ебола и починал од ова заболување. Засега, според доктор Јованка Костовска, не може да се потврди дали станува збор за ебола или за друга болест. Британецот влегол во Македонија на 2 октомври, а како што изјавил неговиот колега, тој не престојувал во земја која е ризично подрачје за ебола. Во болницата веднаш се преземени безбедносни процедури, а персоналот што имал контакт со починатиот е ставен во карантин. Во карантин се и вработените и лицата во хотелот каде што престојувал британскиот државјанин.

XS
SM
MD
LG