Достапни линкови

Нови американски воздушни напади околу Кобани


Американските сили извеле уште девет воздушни напади врз цели на милитаните на Исламската држава околу опколениот сириски град Кобани. Во соопштението на Централната команда се наведува дека притоа биле уништени неколку згради и артилериско оружје што ги користеле милитантите. И покрај најновата американска воена акција, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека милитантите на Исламската држава и натаму напредувале и оти сега држат под контрола една третина од Кобани.

XS
SM
MD
LG