Достапни линкови

logo-print

Нуланд: нема намалување на санкциите против Москва


Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд изјави дека не би требало санкциите против Русија да бидат намалени се додека странските сили не ја напуштат Украина, не биде обновен суверенитетот на земјата и не бидат ослободени сите заложници. „Мировниот договор е на хартија, но тој не се почитува“, изјави таа. Од стапувањето на примирјето меѓу украинските власти и проруските сеператисти на истокот на Украина во почетокот на минатиот месец загинале над триста луѓе.

XS
SM
MD
LG