Достапни линкови

Уапсен шефот на мексикански нарко картел Хуарез


Еден од шефовите на Хуарез нарко картелот, Висенте Кариљо Фуентес бил уапсен на северот на Мексико, сопштија од мексиканската Национална комисија за безбедност. Американскиот Стејт департмент за апсењето на Фуентес нудеше награда од пет милиони долари. Наркокартелот Хуарез ги контролира главните патишта на дрогата меѓу Мексико и Соединетите држави. Овој картел водеше војна со ривалскиот Синалоа картел чиј водач Ел Чапо Гузман беше уапсен неодамна.

XS
SM
MD
LG