Достапни линкови

Евроамбасадорот Орав му го предаде извештајот на ЕК на СДСМ


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав, кој му го врачи Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во 2014 година, нагласувајќи дека во следните два месеца се очекуваат конкретни чекори од Македонија во насока на подобрување на ситуацијата.

Заев изразил задоволство од останувањето на препораката за Македонија и го поздравил пријателскиот однос на Европската унија кон Македонија.

На средбата станало збор и за политичката ситуација во Македонија.

Претседателот на СДСМ соопштил дека опозицијата останува отворена за дијалог и дека власта е таа која треба да се согласи со петте теми за разговор.

XS
SM
MD
LG