Достапни линкови

Холандија најави жалба на пресудата за Сребреница


Холандија ќе вложи жалба на судската пресуда со која државата е прогласена за одговорна за смртта на над 300 босански муслимани во Сребреница во 1995 година, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.

Окружниот суд во Хаг во јули донесе пресуда според која холандскиот баталјон на Обединетите нации не смеел во средината на јули 1995 година да депортира над 300 луѓе од базата на ОН во Поточари откако базата била заземена од силите на босанските Срби.

Семејствата на жртвите ја тужеа холандската Влада поради тие убиства, обвинувајќи ги холандските мировници дека не ги заштитиле 8.000 луѓе кои се убиени во Сребреница, само неколку месеци пред крајот на војната во БиХ.

XS
SM
MD
LG