Достапни линкови

logo-print

Ердоган - Целта на протестите е минирање на мировниот процес


Повеќедневните протести во Турција поради владината политика кон екстремистите од Исламска држава имаат за цел да го саботираат мировниот процес меѓу курдските бунтовници и официјална Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Многу е очигледно е дека ова игра е насочена кон саботирање на мирното опкружување во источниот и југоисточниот дел на земјата како и мировниот процес и нашето братство“, изјави Ердоган во првата изјава за немирите во земјата при што загинаа 22 луѓе.

Прокурдските демонстранти се огорчени поради одбивањето на Турција воено да интервенира против милитантите кои се обидуваат да го заземат сирискиот град Кобани.Демонстрантите веќе четврди ден се судираат со турската полиција.

„Нема да ги толерираме заканите или заплашувањата кои го загрозуваат мирот, стабилноста и безбедноста на Турција, посочи Ердоган.

XS
SM
MD
LG