Достапни линкови

Адеми - тестирањето на студентите засега само идеја


Воведувањето на испит за проверка на знаењето за студентите на факултетите засега е само идеја. Со широка дебата треба да се утврди дали за тоа има потреба, и доколку има, на кој начин да се направи тоа, а да не се загрози Болоњскиот систем и да не се наруши автономијата на универзитетите, истакна денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Додаде дека и кога го најавил испитот за тестирање на занаењето на факултетите посочил оти тоа е само идеја која треба да отвори дебата за потребата и потоа за начинот на кој тоа може да се спроведе.

Ги повика сите да дадат свои размислувања, како што рече, без да се плашат за тоа што ќе го кажат јавно, затоа што Македонија е демократска држава, а МОН ќе ги прифати сите размислувања.

XS
SM
MD
LG