Достапни линкови

Четврт век од драматичните протести во Лајпциг


Европски лидери и поранешни дисиденти денеска одбележаа четврт век од драматичните протести во Лајпциг, во Источна Германија, кои помогнаа да се урне Берлинскиот ѕид.

Многумина на овој настан од 9 октомври 1989 гледаат како на пресвртна точка во „мирната револуција“ во Источна Германија. На тој датум полицијата се откажа од плановите за насилно растерување на мирните демонстрации. Се проценува дека имало околу 70 илјади луѓе на протестите во Лајпциг. На церемонијата во Лајпциг, германскиот претседател Јоахим Гаук им одаде почит на демонстрантите. На церемонијата присуствуваа и неговите колеги од Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, како и десетици поранешни активисти. Берлинскиот ѕид е урнат еден месец по протестите, на 9 ноември 1989.

XS
SM
MD
LG