Достапни линкови

Суспендирани приведените судии


Судскиот Совет на денешната седница донесе одлука за суспендирање на судиите кои беа приведени во вчерашната полициска акција „Jустиција“, до завршување на правосилноста на постапката. Претседателката на Судскиот совет Александра Зафировска рече дека е донесена одлука за времено оддалечување на деветмината судии од вршењето на судска функција. Во рамки на акцијата „Јустиција“ се поднесени кривични пријави против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот Суд осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Со неизвршување на својата службената должност, судиите и службениците на Буџетот му нанеле штета од над 1,3 милиони евра.

XS
SM
MD
LG