Достапни линкови

logo-print

Иран - МААЕ: конструктивен или лимитиран напредок


Иранскиот амбасадор во МААЕ, Реза Најафи.

Иранскиот амбасадор во МААЕ, Реза Најафи.

Иранските власти денеска соопштија дека имале „конструктивни“ разговори со претставниците на ОН за нуклеарна енергија кои беа во посета на Техеран. Двете страни разговарале за решавање на нерешените прашања околу спорната иранска нуклеарна програма. Но во изјавата од Меѓународната агенција за атомска енергија, се укажува само на ограничен напредок во разговорите со Техеран. МААЕ се обидува да разјасни две точки околу нуклеарната програма на Иран. Од таму соопштуваат дека преговорите ќе продолжат, но не се објавува датум кога.

Иранскиот амбасадор во МААЕ, Реза Најафи, вели дека преговорите биле конструктивни во однос на содржината и дека биле директни. Иран не успеа до 25 август, за кога имаше краен рок, да ги обезбеди информациите кои ги бараа од МААЕ.

XS
SM
MD
LG