Достапни линкови

Избори во БиХ на сите нивоа на власт


Во недела на 12 октомври во Босна и Херцеговина ќе се одржат избори за сите нивоа на власта, на кои околу 3,2 милиони босански државјани со право на глас ќе треба да изберат меѓу кандидатите од 113 политички субјекти.

Во пресрет на изборите цела БиХ живее во услови на предизборна кампања во која се даваат ветувања за економски просперитет, за зајакнување на безбедноста, за справување со корупцијата, за грижа за младите, за влез во ЕУ...

На неделните општи избори граѓаните ќе избираат тројца членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, во Пратеничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ и во Народното собрание на Република Српска, претседател и потпретседатели на српскиот ентитет, како и членови на десетте кантонални собранија во Федрацијата БиХ.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека овие избори нема да донесат значајни промени во односот на силите меѓу политичите партии и структурите на власта.

XS
SM
MD
LG