Достапни линкови

Во немирите во Турција загинаа 23 лица


Во неколку градови ширум Турција синоќа продолжија протестите и судирите на Курди со полицијата, при што бројот на загинатите во немирите достигнал 23 лица.

Судири имало во градот Мардин, во Истанбул, Дијарбекир, Агра, демонстрантите палеле автобуси, полициски возила, обивале продавници. Во Истанбул, градските власти соопштија дека се уапсени 66 учесници во немирите, а 52 се повредени, меѓу кои и тројца полицајци.

Немирите не ги зафатија туристичките места. Во провинциите Анталија и Мугла, каде што се наоѓаат повеќето хотели, ситуацијата е мирна.

Во протестите учествуваат главно турски Курди, приврзаници на прокурдски партии и на сепаратистичката ПКК. Како причина за демонстрациите се наведува случувањето во сирискиот град Кобане, каде се водат жестоки борби меѓу групата Исламска држава и курдските бунтовници.

XS
SM
MD
LG