Достапни линкови

И пријателот против бостонскиот бомбаш Царнаев


Слика на Царнаев во судница во Бостон.

Слика на Царнаев во судница во Бостон.

Пријателот од Кaзахстан на бостонскиот бомбаш Џокар Царнаев, би можело да сведочи против него, односно за обвинителството. Царнаев се соочува со смртната казна за поставувањето бомби за време на бостонскиот маратон. Но сепак се уште не е завршен договорот меѓу Казахстанецот Азамат Тазајаков и обвинителството, изјави неговиот адвокат. Тој во јули беше осуден за попречување на правдата со тоа што го скрил Царнаев по нападот и ги остранил доказите. За тоа тој се соочува со казна затвор од 25 години.

Царанев и неговиот постар брат Тамерлан се обвинети за поставување бомби на маратонот во Бостон, при што загинаа три лица, а беа повредени повеќе од 260 луѓе на 15 април, 2013 година.

XS
SM
MD
LG