Достапни линкови

logo-print

Експлозија на бомба во Јемен, 32 жртви


Најмалку 32 луѓе се убиени, а многумина повредени кога бомбаш-самоубиец нападна група шиитски демонстранти во главниот град на Јемен, Сана, само неколку часа откако новонаименуваниот премиер Ахмед Авад бин Мубарак си поднесе оставка.

Безбедносни извори соопштија дека експлозијата се случила во време додека поддржувачи на шиитската Хути милиција се собрала на плоштадот Ал-Тахрир во центарот на градот.

Јемен се соочува со длабоки тензии меѓу сунитските власти и шиитската Хути милиција, кои го контролираат главниот град од минатиот месец. Бунтовниците повика на масовни протести на 9 октомври против назначувањето на Мубарак за премиер. Соединетите Американски Држави и други земји се загрижени дека нестабилностa во Јемен може да ја зајакне Ал-Каеда.

XS
SM
MD
LG