Достапни линкови

logo-print

Ахмети во дводневна посета на Тирана


Претседателот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети утре и задутре ќе престојува во посета на Албанија, соопштија од ДУИ. Според нивното соопштение Ахмети ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието, Илир Мета, а ќе разговара и со претседателот на Демократската партија и градоначалник на Тирана, Лулзим Баша.

Во сабота Ахмети, според најавата од ДУИ, ќе има средби со политички претставници во Тирана.

XS
SM
MD
LG