Достапни линкови

logo-print

Турција нема да лансира „копнена операција“ против милитаните на ИД


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавусоглу.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавусоглу.

Турција нема да се вклучи во унилатерална копнена операција против милитантите на Исламската држава во северна Сирија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавусоглу. Според него тоа не е реален пристап. Тој овие забелешки ги даде на прес-конференција во Анкара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

НАТО и САД ја повикуваат Турција да се вклучи повеќе во борбата против милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

Чавусоглу изјави дека Турција ги поддржува воздушните напади на коалицијата предводена од САД против милитантите на ИД, во курдскиот град Кобани. Но според него само со воздушни напади нема да се поразат милитантите и дека сите опции, вклучувајќи и операции од земја може да се земат во опција. Чавусоглу изјави дека Анкара ја поддржува идејата за формирање на безбедна зона на која нема да има прелети во северна Сирија, на границата со Турција.

XS
SM
MD
LG