Достапни линкови

Таџикистан ја забрани опозициската организација, Група 24


Лидерот на Групата 24, Умарали Гуватов.

Лидерот на Групата 24, Умарали Гуватов.

Врховниот суд на Таџикистан ја забрани опозициската организација, Група 24. Денешната одлука на судот доаѓа по владините притисоци кон групата, откaко нејзиниот лидер преку интернет повика на масовни протести на улиците на Душанбе на 10 октомври. Од Врховниот суд велат дека Групата 24, водена од таџискистанскиот бизнисмен Умарали Гуватов се „екстремисти“ и затоа се забранети во Таџикистан. Исто така се забранети и нивните печатени материјалиа, а блокиран е и нивниот веб сајт. По повикот на групата за масовни антивладини протести, многу веб сајтови се блокирани во земјата од 5 октомври. Но, властите велат дека тие не го блокираат интернетот.

XS
SM
MD
LG