Достапни линкови

Замрзнат конфликт во Украина, дестабилизирана Европа


Украина побара од Европската унија да не прифаќа отцепување на проруските бунтовници на истокот на земјата со оценка дека тоа би можело да ја дестабилизира Европа.

Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин ја повика Москва да ги одврати сепаратистите од одржување избори во регионите на Доњецк и Луганск во идниот месец.

Сега е на Русија да изврши вистинско влијание во Доњецк и Луганск. И доколку имаме такви избори и доколку легално избереме претставници за тие региони повторно ќе се вратиме на патот кон мирна иднина.

Ваквите лажни избори ќе доведат во источните делови на земјата да има замрзнат конфликт како што е случајот со Придњестровие и Абхазија во Молдавија и Грузија.​

​Тој побара од Европската унија да не прифаќа отцепување на тие регион, бидејќи на таков начин би можело да дојде до дестабилизација на Европа.

Тој порача дека не сака со ова да врши некаква уцена врз европските земји за да ги интензивираат нивните мерки против Русија или за да го натера НАТО да ја зголеми помошта на Украина.

Вооружените групи се уште контролираат подрачја на истокот и продолжуваат да го тероризираат цивилното население. Таму не постои владеење на законот. Има киднапирања, тортури, присвојување на имот.

Климкин смета дека најдобро би било жителите на Доњецк и Луганск да гласаат на локалните избори што за декември ги најави Киев.

„Сега е на Русија да изврши вистинско влијание во Доњецк и Луганск. И доколку имаме такви избори и доколку легално избереме претставници за тие региони повторно ќе се вратиме на патот кон мирна иднина“, изјави Климкин.

И покрај договореното примирје во почетокот на минатиот месец, во источна Украина секојдневно гинат по десетина луѓе, било да се владини сили, прориски сепаратисти или цивили, соопштија вчера Обединетите нации.

Според шефот на Високиот комесаријат за човекови права за Америка, Европа и Централна Азија, Џани Магацени, од примирјето досега таму загинале над 330 лица, додека 830 биле ранети.

„Вооружените групи се уште контролираат подрачја на истокот и продолжуваат да го тероризираат цивилното население. Таму не постои владеење на законот. Има киднапирања, тортури, присвојување на имот, без оглед дали се работи за стан, бизнис или автомобил. Се врши измачување на оние што не се согласуваат со барањата на овие вооружени групи“, рече Магацени, наведувајќи дека кршење на човековите права имало и од групите доброволци кои се борат на страната на украинската армија.

Тој додаде дека украинската влада би морала да врши поголема контрола врз ваквите одреди. Магацени изрази длабока загриежност и за можни маосвни убиства.

Во меѓувреме, официјален Киев ги отфрли наводите од лидерите на проруските сепаратисти дека украинската војска гранатирала делови на истокот на Украина во кои живееле цивили. Бунтовниците најавија дека тоа нема да ги натера на повлекување од териториите што се под нивна контрола.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG