Достапни линкови

logo-print

Полицаец убил млад црнец во Сент Луис


Фергусон, август, 2014.

Фергусон, август, 2014.

Полицаец кој не бил на должност убил млад црнец во американскиот град Сент Луис. Полицијата изјави дека осомничениот отворил оган кон службениците на должност, по што тие одвориле со оган и тој бил убиен на 8 октомври. Службеникот работел за приватна агенција за обезбедување, но бил облечен во полициска униформа. Роднини на човекот кој беше убиен, изјавија дека тој бил невооружен. Околу 200 демонстранти извикуваа по улиците по пукањето, велјеќи дека во областа нема криминал. Десетици демонстранти извикувале по полицајците, а некои од нив со клоци удираа по окупираните полициски возила.
Настанот се случил во близина на Фергусон каде на 9 август, исто така беше убиено момче од страна на полицијата, што предизвика неколкунеделни протести и силни немири.

XS
SM
MD
LG