Достапни линкови

Груевски задоволен од препораката на ЕК


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Шестата последователна препорака од ЕК е потврда дека Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори за членство во Европската унија. Продлжуваме на патот кон евроинтеграциите и тоа бара надминување на теснопартиските и лични интереси. Ова синоќа го изјави премиерот Никола Груевски на заедничката прес конференција со евроамбасадорот Аиво Орав кој му го предаде Извештајот за напредокот на земјата за годинава. „Овој извештај е најдобар доказ за тоа дека ние и покрај билатералниот спор со Грција и покрај сите можни предизвици кои ни се поставија на нашиот пат сепак не скршнавме и не се откажуваме од европската агенда, посочи Груевски. Евроамбасадорот Авио Орав оцени дека Извештајот е многу искрен и носи препораки до власта, опозицијата како и до членките на Унијата.

XS
SM
MD
LG