Достапни линкови

logo-print

Нови воздушни напади против милитантите на ИД


Американската војска и сојузничките земји извеле осум воздушни напади врз цели на милитантите на Исламската држава во близина на опколениот сириски град Кобани. Во соопштението на американската команда се наведува дека градот и натаму бил под контрола на курдските сили. Претходно Пентагон оцени дека Кобани би можело да падне во рацете на милитантите. Американскиот претседател Барак Обама изрази увереност дека Соединетите држави ќе постигнат напредок во борбите против милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG