Достапни линкови

Нови мерки на американските аеродроми поради еболата


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека новите мерки за преглед на меѓународните аеродроми во Соединетите држави треба да бидат уште едно ниво на заштита од еболата. Обама додаде дека овие мерки подразбираат дополнителни прашања за патниците кои стигнуваат од земјите кои се најпогодени од епидемијата: Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Според Обама, случајот со еболата во земјата, односно пациентот кој вчера почина во Далас, покажува оти нема многу место за грешки, но оти шансите за појава на епидемија од ова заболување во Соединетите држави остануваат исклучително мали.

XS
SM
MD
LG