Достапни линкови

Волци го сардисаа струшкиот регион


Macedonia - Wolf choke dozen sheep in the village of Frangov in Struga.
Macedonia - Wolf choke dozen sheep in the village of Frangov in Struga.

Поради недостиг на храна и дивеч во планинските предели во струшко, волците се симнуваат во пониските предели предупредуваат ловџиите и овчарите.

Поради недостиг на храна и дивеч во планинските предели во струшко, волците се симнуваат во пониските предели предупредуваат ловџиите и овчарите. Волк уништи десеттина овци на Џабир Даути од струшкото село Франгово пред неколку дена кој откако се симнал од планината направил голема штета која се проценува на околу 2000 евра.

Дванаесет овци беа удавени. Од оние кои се спасија три овци се вратија во шталата, додека пет се уште не можеме да ги најдеме каде имаат избегано. Ова е прв пат кај мене да се случи вакво нешто, иако порано имаше случај и во селото.
Џабир Даути, сточар од струшкото село Франгово.

„Дванаесет овци беа удавени. Од оние кои се спасија три овци се вратија во шталата, додека пет се уште не можеме да ги најдеме каде имаат избегано. Ова е прв пат кај мене да се случи вакво нешто, иако порано имаше случај и во селото.“

РСЕ: Постои ли страв да дојдат повторно волци?

„Постои, бидејќи по месец дена повторно можат да се јават пак. Тие прават штета и после еден месец се враќаат пак“, вели Даути.

Шталата на овој човек е сместена на патот кон граничниот премин Ќафасан, на само неколку километри од градот. Џабир рече дека моментално има доста волци во пониските предели.

„Има доста волци и во моментот многу волци се појавија. Повеќе од седум волци сигурно има само на една страна. Има и тука во пониските предели.Да од Ќафасан навака има доста, ги има на сите страни и само прават штета. Институциите би требало да преземат мерки, бидејќи тие се штетни и опасни животни“, вели Џабир.

Џабир штетата ја пријавили во Министерството за земјоделство, од каде вели дека како доказ му побарале и фотографии од угинатите овиц.

Ајдари Метат од струшкото село Калишта, 45 години е ловџија. Вели дека оваа година е зголемен бројот на волци.

„Зголемен е затоа што нема толку многу друг дивеч како што се елени, диви свињи, а волците се ранат со нив. Бидејќи нема што да јадат, бараат каде што има овци стадо. Намален е многу, има само лисици која го ништи зајакот.“

РСЕ: Сметате ли дека можат да се симнат до градот и населените места?

„Ако треба ние можеме да помогнеме во оние села каде што има волци. Имаме една група и можеме да одиме да ги пречекаме“, вели Метат.

Тој вели една од причините поради намалениот број на дивеч е и ловокрадството, и оти кај ловџиите нема интерес за лов на лисици кои биле најбројни.

XS
SM
MD
LG