Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ различно го читаат извештајот на ЕК


Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е драматично покритичен во однос на минатата година, а оценките се драстично полоши во однос на сите од соседството, оцени потретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска на денешната партиска прес-конференција.
- Ова не е извештај за напредок, туку извештај на назадување и растечка загриженост. Она што порано ЕК го кажуваше срамежливо, сега се критикува јасно, гласно и директно. И нема дилеми кој ја носи одговорноста за ваквите состојби. Нема веќе дипломатски ракавици, нема завиени формулации. Европската порака е пратена: Македонија е тргната по опасен пат, рече Шекеринска.
Таа нагласи дека препораката е условена, бидејќи, како што рече, власта мора да се справи со растечката политизација, зависното судство и слободата на медиумите за да се зачува европската шанса.

Реакција и од ВМРО - ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува препораката за започнување на преговори за полноправно членство на Република Македонија во Европската унија и смета дека со неа Европската комисија оценува дека се исполнети демократските и институционалните услови за наше целосно интегрирање во Унијата.
- Македонија е држава која е спремна да започне преговори, ги исполнува стандардите, а Комисијата го констатира тоа и го препорачува. За среќа, не се остварија сценаријата за кои раководство на СДСМ се надеваше и работеше и не им се оствари желбата Македонија да не ја добие препораката за почеток на преговорите, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната партиска прес-конференција.
Тој посочи дека сите кои работеа на можноста Македонија да не добие препорака се разочарани и се обидуваат да го намалат значењето на препораката.

XS
SM
MD
LG