Достапни линкови

logo-print

Судскиот совет за приведените судии и судски службеници


Јавниот обвинител ги испитал сите лица во случајот „Јустиција“, а потоа се предадени на судија на предходна постапка. Заради непречено присуство на осомничените во постапката како и забрана за превземање на работни активности поврзани со кривичното дело, према осомничените е предложена мерка „ забрана за посетување на определено место или подрачје“, се наведува во соопштение од Судскиот совет за приведените судии и судски службеници.

Во нивното соопштение стои дека Судскиот совет е известен за денешните спроведувања на истражна постапка против 10 активни судии во прекршочниот оддел на Основниот суд Скопје 1 - Скопје како и против судски службеници од истиот оддел, поради несовесно работење во службата.

Со неизвршување на својата службената должност, судиите и службениците на Буџетот на му нанеле штета од над 1,3 милиони евра, рече денеска министерката за внатрешни работи Гордан Јанкулоска.

XS
SM
MD
LG