Достапни линкови

logo-print

Засилени воздушните напади против ИД во Сирија


Aмериканската армија денеска потврди дека коалицијата за борба против Исламската држава предводена од САД ги засили воздушните напади против исламистичките милитанти во северна Сирија. Од вчера се извршени шест напади во близина на градот Кобани на границата со Турција. Американската централна команда соопшти дека во нападите биле уништени „вооружени возила и артилерија“ на Исламската држава. Извештаите од теренот велат дека милитантите ноќеска се повлекле од позициите на западната страна на опколениот град, но оти сè уште се борат источно и југоисточно од Кобани. Лидерот на Сириското курдско движење, Сали Муслим, за Радио Слободна Европа изјави дека на улиците на Кобани денеска имало „жестоки, лице в лице“ борби, откако во воздушните напади биле уништени „тенкови“ на Исламската држава. Тој рече дека воздушните напади им помогнале на бранителите на Кобани и дека тие треба да продолжат.

XS
SM
MD
LG