Достапни линкови

Филе - ЕУ треба да ги прошири преговорите со Турција


Европската унија би требала да ги прошири преговорите за присоединување на Турција, со цел да се опфатат прашањата за владеење на правото, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Тој во исто време изрази вознемиреност за пропустите во областа на демократијата во последната година. Исто така изрази вознемиреност и за независноста на судскиот систем и поделбата на власта. Филе ги наведе примерите со измената на законите во судството, нетранспарентноста во истрагата за корупцијата и масовните преместувања на полициските службеници, судии и обвинители.

Еврокомесарот посочи и дека забраната на Твитер во Турција „предизвика сериозна вознемиреност во секое демократско општество“.

Филе ги пофали напорите на Анкара за изнаоѓање на решение за долгогодишниот спор со курдското малцинство.

Tурција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, 18 години откако поднесе молба.

XS
SM
MD
LG