Достапни линкови

logo-print

Кривични пријави за 14 судии и 11 судски службеници


Основното јавно обвинителство Скопје во рамки на акцијата „Јустиција“ поднесе кривична пријава против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот Суд осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес-конференција појасни дека приведените со неизвршување на службената должност нанеле штета на Буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал.

Денеска 24 лица се лишени од слобода и изнесени пред надлежен јавен обвинител, а во моментов се уште се работи на обезбедување на уште еден судија, информира Јанкулоска.

XS
SM
MD
LG