Достапни линкови

ОН - примирје во Украина, а 331 жртви


 July 16, 2014.

July 16, 2014.

Обединетите нации соопштија дека најмалку 331 човек се убиени во источниот дел на Украина од прекин на огнот потпишан на 5 септември меѓу владините сили и про-руските сепаратисти.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај, денеска соопшти дека во Доњецк продолжуваат непријателствата. Нави Пилај вели дека од почетокот на борбите во источна Украина загинале најмалку 3.660 луѓе, а 8.756 се ранети. Борбите во Доњецк се водат околу аеродоромот во градот, кој е во рацете на владините сили. Бунтовниците кои го контролираат градското собрание на Доњецк соопштија дека тројца цивили загинаа од бомбардирањето во текот на ноќта.

XS
SM
MD
LG