Достапни линкови

ЕУ - Корупцијата, судството и медиумите проблем за Западен Балкан


Корупцијата и ограничувањето на слободата на печатот ги поткопуваат кандидатурите на Србија и на Црна Гора во Европската унија, наведува Европската комисија во извештајот за напредокот на земјите-кандидатки.

Во извештајот се вели дека Црна Гора е најблиску до влезот во ЕУ од земјите од Западен Балкан. Но, се наведува дека преговорите ќе се забават, освен ако Црна Гора не направи напредок во судските реформи. Еврокомесарот во заминување Штефан Филе вели дека напредокот на Црна Гора е за пофалба, оти земјата во 2010 година доби кандидатски статус, а две години подоцна затворила дури 12 поглавија, од кои две веќе се привремено затворени.

Понатаму за Србија се наведува дека таа направила „ голем политички поттик во борбата против корупцијата“, со почетокот на преговорите во јануари. Но Брисел вели дека Белград мора да обезбеди независно судство и борба против корупцијата, која се уште е распространета во многу области. Постојат проблеми и со плановите на Белград за изградба на гасоводот Јужен тек и со одбивањето на Србија да воеде санкции кон Русија.

Според ЕК, Босна и Херцеговина „останува во застој“, при воспоставувањето на функционални институции.

Како порблем за Косово се нотираат корупцијата и недостатокот на судската независност.

XS
SM
MD
LG